БОЖЕСТВЕНАТА ГРУЈОВА КОМЕДИЈА!
Во Пеколот што ни го стокмија грујчовци, аздисани во нивниот Рај, процвета Македонија како Перална. Специјални единици беа задолжени за перење пари, други за перење мозоци, а многу ги има бре, и за перење на криминалните им дамки. И мислам дека нема да се потресе ни Иванов, ни злосторничкото му здружение, ако им забранат да ПАТУВААТ во членките на ЕУ. Важно е да остане на сила забраната грујчовци да ОТПАТУВААТ во Идризово. Во Москва веќе се обезбедиле!
ГОТОВО Е, ДУРИ СЕГА Е ГОТОВО СО РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ!
Пастирот си тера нови и сѐ понови, ама мега проекти. Ги остави кравите недомолзени да мукаат, па пак ја објаснуваше гасификацијата, и тоа не обичната, туку „националната” (?!). Потоа нѐ изгоре со проектот „Греење на пелети” кој замислил да почне, како и сѐ друго, во идно време. Во 2017 година. И, ако „политичкото здравје” го послужи, ќе го заврши до 2066 година. Не смее да се заборави „Од град во село за нов почеток”. Како вовед во гига-проектот „Од власт во затвор за нов крај”.
СЛУЧАЈ КРПАЧ
„Фокус“ истражува каква е улогата на шефот на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски во случајот на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство кој трагично заврши во случај кој се уште не се знае дали е самоубиство или совршен злостор
ПРВОБОРЦИТЕ И РЕВОЛУЦИЈАТА
Самонаречените првоборци немаат искрени намери. Како да сакаат да ја покорат Шарената револуција за само тие да се насладуваат од нејзиниот демократски еликсир, а во политичката епоха што иде да станат нова владеачка каста!
КУМОВСКИ ВРСКИ
Кои се кумовите на политичарите од владејачката партија и каква е нивната улога во политиката и во бизнис-релациите? Зошто сојузништвото на политичарите со своите кумови е поцврсто од партиското, идеолошкото или од политичкото?
ГРУЕВСКИ ПО МИРЕН ПАТ НИТУ ЌЕ СИ ОДИ ОД ВЛАСТА, НИТУ ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР!
Ќе има реконструкција на оваа држава по сите линии, а тоа ќе ги зафати прво партиите, ќе избијат сите внатрешни незадоволства. Ќе има колективна катарза на граѓаните на Македонија и ова е историски момент, вели во интервју за „Фокус“ поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини
СОЛОМОНСКО РЕШЕНИЕ
Ако фанатиците во опозицијата се спремни да има и граѓанска војна само за да падне режимот, тогаш не заслужуваат да победат. Но, ако фанатиците на режимот се спремни да ја доведат Македонија до колапс само за да останат на власт – и тие не заслужуваат да победат. Решението е фанатиците од двете страни да изгубат. Оти само заедничкиот пораз би бил победа за Македонија
Колумнисти:
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кога ќе си поставите „возвишена патриотска“ цел – да го ограбите сопствениот народ, ќе мора да ги узурпирате институциите. Во мала држава како што е Македонија, тоа е исто како да се промовирате во шеф на маалска банда во некоја светска метропола. Кога ќе го направите тоа, вие станувате врховен арбитер на животот и на смртта во државата – станувате диктатор
Александар ТОРТЕВСКИ
Ми вели еден пријател прилепчанец, инаку трета генерација вмровец: „Не треба никаква друга санкција за Миле Јанакиески, ниту затвор, ниту притвор. Нека го задолжат само 3 години секое утро да мора да помине низ прилепската чаршија. Тогаш ќе видите што значи „пишчејне, вришчејне“
Ана ПАНОВСКА
Никогаш не ќе помислев дека за нешто што воопшто би можел да го направи Груевски би дошла во ситуација да му искажам длабока благодарност како за тој потег лани, кога тремосано и подисплашено му одговори на лицето З.З., божем е овој Лила од „Сè или нешто“: „Понудата не важи“!
Гордана ПОПСИМОНОВА
Кога груевизмот неизбежно ќе се стрмоглави, ќе останеме ние – Граѓаните на Шарената револуција и Народот на режимот. Немам намера да бидам добар христијанин зашто немам трет образ за шлаканици, сакам да ги потсетам четирите столба на груевистичкиот срам, дека нема да им го заборавам стореното
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Нашите“ молчат бидејќи им одговараат позициите и бенефитите што ги имаат, а „туѓите“ од страв за ускратување на напредувањето во службата или од губење на работното место, други затоа што имаат путер на главата, трети заради мир на душата