ДПМНЕ СО ТАПИЈА ОД ИВАНОВ Е ПАРТИЈА НА АБОЛИЦИРАНИ КРИМИНАЛЦИ
Капката што ја прелила чашата и ѝ дала забрзување за контраакцијата на Иванов, наспроти акциите на тимот на Катица Јанева, биле над сто барања од СЈО до судот за контроли, проверки, претреси, замрзнување сметки, фирми и имот на Сашо Мијалков. А тоа веќе е од рангот на апокалипса за фамилијата.
КЕРБЕР НА ГРУЕВСКИ
Првиот антикорупционер, Горан Миленков стана заштитник на криминалот на Фамилијата. Во тоа му помага и мајка му Лилјана, провладин стечаец. Сопругата Софија, пак, е судијка блиска до власта и единствената преживеана од струмичкото семејство Мудинови, по свирепото трикратно убиство во далечната 1992 година
РЕАКЦИИ ЗА АБОЛИЦИЈАТА
Одлуката на претседателот Иванов за аболиција на криминалците од власта предизвика остри и контроверзни реакции во јавноста. Од историска дистанца ќе биде значајно да се знае дека во Македонија, сепак, има критичка интелектуална и граѓанска јавност, која изразува отворено несогласување
УЛИЧНА БИТКА
Груевски единствено ја признава силата, а само таа му преостанува и на Заев. Првите судири со режимот ветуваат остра улична битка, но дали може да се оствари најавата на лидерот на СДСМ дека народот би можел да ја земе правдата во свои раце?
ТРОШЕЊЕ ПРЕД ИЗБОРИ
Власта предизборно се расфрла со пари, предвремено го ситни буџетскиот дефицит, а истовремено прибира помалку пари од даноци и глоби. Очигледно, целта е само да се уловат гласовите на избори, за потоа да се удри по џебот на граѓаните и компаниите
МИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ ТРЕБА ДА БИДЕ ЛИДЕР, А НЕ ДИКТАТОР
Владко Пеливанов е специјалист-анестезиолог кој речиси десет години живее и работи во Халифакс, Канада. Заедно со семејството во Канада се преселил во 2006 година и воопшто не размислува да се врати. За „Фокус“ отворено зборува за канадското здравство во споредба со македонското
ШЕСНАЕСЕТ ОПЦИИ
Што губи Груевски на долг рок ако излезе на изборите? Автоголот што ќе го постигне со тоа е уште поголем, оти ќе се покаже пред меѓународната заедница како непресметлив тип, кој не може да се контролира со стандардни мерки
Колумни:
Ана ПАНОВСКА
„Убеден сум дека со овој чекор им помагам и на меѓународните посредници за консолидација на политичката криза…“, рече Иванов. Сиромашкиот не знае дека зборот „консолидација“ значи „зајакнување“, „зацврстување“! Значи, во право е – ја зацврсте кризата!
Гордана ПОПСИМОНОВА
Пропагандистите на власта судрени со базичните закони на логиката и основните постулати на пи-арот, кој подразбира тези кои треба да се бетонираат и катадневно да се бранат, а не секој втор ден да се менуваат, систематски прават будали од себе
Александар ТОРТЕВСКИ
Во европска држава, претседателот на државата да потпише акт за запирање на повеќе од стотина почнати кривични постапки во кои е обезбеден солиден доказен материјал, тоа веќе не е глупост, туку криминал од најдолен вид
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Веднаш по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ изготви список за кривично гонење на 25 функционери и бизнисмени од претходната власт. Тие не се реализираа поради постигнатите „дил ориентиди“ меѓу власта и осомничените, но целта беше постигната