1068

by Фокус

КАТИЦА ПРЕД ЕКСПЛОЗИЈА
Се чека да експлодира Катица Јанева. Допрва. Онаа мини експлозија што ја предизвика со изјавата за нелегитимните институции е вовед во следните чекори, во процесуирање на неоткриените и неслушнатите бомби. Велат, изненадувањата допрва идат. Зарем влегувањето на „Алфите“ и тимот на СЈО во зградата каде се сместени Централниот регистар и НБРМ не е симпатична увертира?!

СТРАВ ОД НОВО МНОЗИНСТВО
Ако Груевски остане сам против СДСМ, ДУИ и ДПА, од непроценлива вредност ќе бидат независните пратеници, без разлика дали ќе се соочи со иницијатива за одложување на изборите или за изгласување недоверба на владата, бидејќи токму тие се гласовите што недостигаат до бројката од 62 пратеници

ФАНТОМСКА ОДЛУКА
Одлуката на ДИК да не се проверуваат 124.000 гласачи во Избирачкиот список, спречува да се открие дали се засновани сомневањата за кражба на идентитетот на дел од нив. Ставањето на вистината под тепих, не ја отстранува опасноста на изборите повторно да се појават фантомски гласачи

ДПМНЕ ГО ПЛАЌАШЕ ПРЕВОЗОТ, АМА И ГИ ПОДМИТУВАШЕ ГЛАСАЧИТЕ ВО САД
По серија закани и уцени од власта, дури и со оружје, Зоран Ивановски добил азил во САД. Сопственик е на неколку компании таму. Работи на ископување нафта на браните на Мексиканскиот брег. Сепак, срцето му е во Македонија, па секојдневно преку социјалните мрежи се јавува со жестоки критики или иронични забелешки за состојбите овде

НАПАД ОД ЛЕВО И ОД ДЕСНО
Идејата за предизборна коалиција на СДСМ со новите и помалите партии на Албанците можеби изгледа премногу еретички, но не би требало да се исклучи. Внатрешната ерозија на ДПМНЕ-пастирска, пак, е многу важна за пораз на Груевски, а таа е речиси невозможна без десно-центристичка алтернатива

ВО ЕКОНОМИЈАТА Е ПРИСУТНА МОНОПОЛИСТИЧКА МОЌ!
Во интервју за „Фокус“, професорот д-р Владимир Филиповски ги анализира последните показатели во економијата за јавниот долг, порастот на БДП, странските директни инвестиции. За распределбата на БДП, Филиповски смета дека „за поголем дел од популацијата, растот на БДП не значи и сразмерен пораст на нивната благосостојба“

ЛЕКАРСКА БРУКА
Пред повеќе од една година, на скопската Клиника за инфективни болести почина 12-годишната Анамарија С., поради несоодветна лекарска терапија која предизвикала шок на организмот. Мајката на девојчето преку „Фокус“ им порачува на родителите да внимаваат каде ги носат своите деца да се лекуваат

ТРЕБА ЛИ ДА ИМ СЕ НАЦРТА?
Што е јавниот отчет ако не претстава пред публика? Некој ќе рече дека тоа е само пропаганда, а не уметност. Но, малкумина се свесни дека пропагандата е уметност, а уште помалку луѓе се свесни дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е врвен изведувач токму од таа непризната гранка на уметноста

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Ја разбирам тактиката на ВМРО-ДПМНЕ ‒ до бесвест одолговлекување и копелкање во мрежата од нивниот виртуелен свет, сè додека овој народ не папса и не малакса од нивната парадна помпезност. Но, морам да кажам дека, сепак, ме грее присуството и одважноста на Специјалната

Александар ТОРТЕВСКИ
Не може да одите на следните избори ако сте ги украле претходните. Прво треба да ги вратите придобивките што сте ги стекнале со изборната кражба, па кога ќе ги издржите казните, некаде во 2032 година, е тогаш можеби ќе може да одите на избори

Рамадан РАМАДАНИ
Во Белгија беше уапсен последниот преживеан терорист од оние кои биле вмешани и во нападите во Париз. Поради временската блискост со тоа апсење, терористичкиот чин во Брисел повеќе е одраз на слабоста на таа злосторничка организација во Европа, отколку што е некаков акт на обмислена стратегија

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тефтерчињата се кадровски резервоар за моделирање на системот со лојални и послушни партиски војници. Нивните сопственици се клучни диспечери во инсталирањето кадри без капацитет, компетентност и морал, кадри кои не се согласуваат со своето мислење