ЦРНИ ПАРИ ВО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС
Ќе остане само уште едно отворено прашање до изборите. Тоа е како да се спречи можниот, последен обид за директно уфрлање црни пари во изборниот процес. Вакво нешто ќе биде пресретнато само ако беспрекорно се завршат првите три точки, како предуслов за регуларни избори: чист избирачки список, судска реконструкција и обединета опозиција.
ДОКАЗИ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК
Незаконскиот увоз на гласачи од Пустец, измислените адреси, се потврдија од увидот во Избирачкиот список. Полицијата не водела евиденција ниту за иселените лица, а сомнежот е дека во нивно име гласале т.н. двојни гласачи. Вкрстувањето на податоците во ДИК и проверките во МВР треба да откријат и друг тип изборни измами
РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ Е РАЗЈАДЕН КАКО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА СТАЛИН И ХИТЛЕР!
Д-р Ристе Љуботенски, политиколог и бизнисмен, прв советник на претседателот Глигоров, доктор по еколошки науки, бизнисмен и производител на вино во својот прв настап по многу години во интервју за „Фокус“ предвидува дека оваа власт што ја силува Македонија, а партијата ја претвори во легална мафија, какви било избори да има, ќе ги изгуби
ЗАТВОРСКИТЕ ЧУВАРИ КРЕНАА ГЛАС
Во јавноста често се пишува за условите во кои живеат затворениците, а многу ретко за вработените во затворите. Конечно и тие решија да го кренат гласот. Дури 16 години им ветуваат дека ќе добијат зголемување на платите, а повеќе од две години ги чекаат и законските решенија за државни службеници
ЛЕКАРИТЕ ТРПАТ ТОРТУРА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА НАЦИЗМОТ
Ангелчо Андоновски, педијатар и маркетинг-директор во фармацевтска компанија е еден од лекарите што се појавуваат на сите протести, барајќи оставка од министерот за здравство. Доктор Андоновски за „Фокус“ отворено зборува за катастрофалната состојба во јавното здравство, за заканите и притисоците врз лекарите, за егзодусот на белите мантили
ПОРАКА ЗА ФАЈРОНТ
Соочен со својот политички фајронт, Груевски на својата агит-проп камарила и порачува – драги мои доктори на пропагандата, ако веќе мора да си заминам од политиката, наместо организиран криминал, изборни измами, диктатура и тортура, пишете дека сум жртва на американски заговор!
ДО ДЕРЕЏЕТО И ПО НЕГО
Ако Груевски навистина верува дека само странски фактори му се криви за дереџето до кое дојде, тогаш има надеж за Македонија, оти тоа е погрешна дијагноза која резултира со погрешна терапија. Терапијата која му ја пропишал д-р Грујо на неговиот болен режим, наместо да го оздрави, може само да го забрза неговиот конечен пад
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
И покрај големите незаконитости и насилства во работата на власта, Иванов и понатаму ја обвинува само опозицијата. Сакам да го потсетам дека пропушта голема шанса да ѝ помогне на земјата побргу да се разреши политичката криза, туку се јавува како фактор на нејзино продлабочување
Ана ПАНОВСКА
Ако за некого навистина ми е жал, тоа е баш Миле Јанакиески. Гревот, кога ќе го чуеше гласот на Груевски од телефонот, просто се здрвуваше, престануваше да дише. Затоа и оној Ставрески со право се плаши. Целото членство на ДПМНЕ почна да се плаши, не од Заев, ами од Груевски, лично. Интуитивно чувствуваат дека доаѓа крајот
Рамадан РАМАДАНИ
Не е дека нема романтика и носталгија во целиот овој процес. Тоа е како при влез во подзаборавена шупа, каде што се наоѓаат спомени и сеќавања. Во ваков избирачки список нема што нема: од одамна отселени роднини, па сѐ до одамна починати поколенија и претци
Александар ТОРТЕВСКИ
На последните избори сѐ било чисто велат од ДПМНЕ. Имало само 15.000 нови матични броеви за непостоечки луѓе, само 55.000 лажни лични карти. Во неколку стотини станови фиктивно биле запишани по само педесетина гласачи! Од Пустец за уши биле донесени само неколку стотини „човечиња“. Сѐ друго било чисто и фер!
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во духот на традицијата, се очекува во оваа година на расплет тие што биле верни до смрт на една опција да се прешалтуваат на другата страна. За нив ништо не е свето, овен парите и привилегиите. Кој еднаш бил слуга, не му е тешко да биде повторно и да му се колне на верност на новиот господар