1064

by Фокус

ХОРХЕ АБОЛИЦИОНЕРОТ
Најмолчаливиот во друштвото преродбеничко – Хорхе аболиционерот, конечно ќе добие вистинска шанса да ја изигра најважната улога во својот живот, како кормилар на бродот што забрзано плови кон судир со една огромна ледена коцка, по што враќање назад ќе нема. Ни за него, ни за патниците на македонскиот „Титаник“!

ОТШТЕТА ЗА ШУРАТА
Сашо Тоневски, брат на Маја Иванова, сопруга на претседателот, со фирмата„Делфино медикал“ успеал да наплати 300.000 евра на име отштета од државата, иако на тоа немал законско право, тврди фирмата „Д-р Пановски“ која му поднесе кривична пријава

30 ГЛАСАЧИ ВО ЕДЕН СТАН
Во станот на Димче Јовановски, брат на пратеничката од владејачката коалиција, Владанка Авировиќ во зграда на ул. „Киро Крстевски – Платник“ бр. 11 во Скопје, се регистрирани триесетина лица кои се дел од избирачкиот список од 2013 година. Сопственикот нема поим за тоа

ЗЛОСТОРНИЧКАТА ВЛАСТ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ СЕ КУТНЕ СО МИРНА РЕВОЛУЦИЈА
Одложувањето на изборите за 40 дена нема да промени ништо битно во системот, девастиран до срж, зашто клучното прашање е изведување на злосторниците пред лицето на правдата, вели Петар Гошев во интервју За „Фокус“ и верува дека умен план може да ја сруши злосторничката власт

ОД ШТО СЕ ПЛАШИ ГРУЕВСКИ?
Уплавот оди дотаму што во ДПМНЕ-овските бандитски кругови гласно се говори дека Вашингтон навистина ќе ги фалсификува следните парламентарни избори во корист на „предавничката“ опозиција. Како? Ќе гледате на ПИМ-мерките на Сител

САМРАК НА ГРУЕВИЗМОТ
Смената на еден расипан Грујо со друг Грујо, кој допрва ќе се расипува, не значи ништо. Џабе е да се смачка еден крволочен комарец, кога друг од мочуриштето едвај чека да слета на местото на првиот за да ни ја цица крвта. Единствениот начин да се спасиме од комарците е да го исушиме мочуриштето

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Само упатените во состојбите на преговарачката маса за Пржинскиот Договор можат ако не сосема јасно да разберат, ама барем да насетат, која сила беше таа што сепак го натера Груевски да прифати одложување на изборите што беа закажни за 24 април

Ана ПАНОВСКА
Откако ВМРО-ДПМНЕ освои добар дел од наклоноста на овој народ, од сите пори на неговиот расипан организам излезе разурнувачка омраза спрема асномска Македонија. Партијата тргна во темелно уништување на сите материјални докази за постоењето на таа Македонија пред Груевски

Александар ТОРТЕВСКИ
Претседателот има право да помилува одредени осудени лица во процедура определена со закон. Меѓутоа, ако некој му шепне да ги помилува Миле и компанија и самиот ќе се втурне во злосторничкото здружение

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Реформата на македонските тајни служби, на што инсистира извештајот на Прибе, ќе се соочи со двоен отпор: власта која по секоја цена ќе настојува да ги задржи под „капа“ и раководните лица во службите заради задржување на атрибутите на моќ

Рамадан РАМАДАНИ
Македонија беше во ќор-сокак, сега е и партијата. Македонија е навикната и ќе се извлече саглам, за партијата не гарантирам. Ќе има незгодни процеси што ќе се одвиваат во ова време на одложени предвремени избори