150 ЌЕБАПИ ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 150.000 СИЛУВАНИ ГЛАСОВИ!?
Иако правосудните специјалци на Груевски одамна се смоквин лист за прикривање на срамотилаците на власта, сепак зачудува нивното слепило. Зар не се свесни дека еден ден ќе завршат најмалку како „психолошки помагачи“ на злосторничкото здружение!?
РАБОТАТА НИ Е – ВРВКА
Ситуацијата е безнадежна, но не е сериозна! Државата тоне во корупција. Се вбројува во делумно слободните земји, последна во регионот. Како вистински „лидери“ го поминавме дното и „шибаме“ во бездната. Ете, тоа е дереџето на кое власта ја доведе Македонија.
ПОСЛЕДНИОТ БЕДЕМ
По целата рашомонијада со притворите, се поставува прашањето дали досието „Титаник“ воопшто ќе влезе во судница и дали злосторничкото здружение на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи со казни затвор? Тоа секако ќе зависи од политичката моќ на Груевски и на Фамилијата
ИЗБРОЈАНИ МУ СЕ ДЕНОВИТЕ НА ПРОПАГАНДИСТИЧКОТО НОВИНАРСТВО
Во деновите кога ЗНМ слави 70 години постоење, еден своевиден парадокс е дека здружението никогаш не било поприсутно во јавноста, но новинарството никогаш послабо. Во интервју за „Фокус“, првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека има многу причини зошто се создава таков впечаток.
БРАТ ЉУБЕ НА СЛОБОДА?
Брат Љубе треба да излезе од затвор на 8 март, зашто од тогаш до истекот на неговата казна има токму 90 дена, колку што му следува скратување според законот. Но, дали директорот на затворот ќе постапи така, ако се знае дека Груевски не есапи ни закон, ни Устав, туку само гледа како поскапо да си ја продаде кожата
ЗЛОУПОТРЕБА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА
Власта го обелодени бројот на вработени во јавниот сектор, кој е над 120.000. Но, дополнителниот заменик-министер Кирацовски се сомнева во овој податок, бидејќи, вели дека се користи погрешен модел за прибирање податоци. Кирацовски открил и „партиски“ список на административци од кој ДИК избирала членови на изборните комисии
МИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ ДА ПРЕКИНЕ ДА ГО ГЛУМИ ГОЛЕМИОТ БРАТ
Биљана Додева, една година е лекар-специјализант на скопската Клиника за психијатрија и е една од ретките која веднаш почна да ја бара правдата за своите колеги и редовно да го критикува игнорантскиот однос на министерот за здравство, Никола Тодоров. Додева за „Фокус“ отворено зборува за протестите против измените во Законот за здравствена заштита
ДРЖАВА НА ИНСТАЛАЦИИ
Самиот факт што до вчера недопирливите соработници на Груевски сега мораше да се појават пред државните органи и да даваат искази, е на некој начин поен за СДСМ. Несомнено има штета претрпено и митот за семоќноста, оти ете, каков Пастир е Грујо кога дозволил неговите најверни бајчиња да ги плашат страшните волчици од Специјалното обвинителство?
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Доколку Груевски и Ахмети спроведат избори без учество на опозицијата, можна е двојна линија на меѓународниот фактор кон Македонија: една кон владата, која дошла на узурпирани избори, а другата кон претседателот на државата, чиј ангажман има поддршка на ЕУ, а богами и на голем дел од населението во Македонија
Рамадан РАМАДАНИ
Трите обвинителки што настапија тој ден, никој не ги гледаше како припадници на што било друго, освен како артикулатори на нивната надеж за правдина. Тие, тој ден, како да го знаеја тоа, штом се повикаа на космичка правда, со поддршката што ја имаат очигледно од целиот правдољубив свет, во и надвор од Македонија
Ана ПАНОВСКА
Сите до еден мора да се чувствуваме виновни, освен Груевски и тие околу него, еве нека се пет илјади загнати криминалци со чорап преку глава, и сто илјади фанатизирани „самоубијци“ кои гинат за него… Сите до еден сме одговорни што дозволивме од негрижа, мрзливост и површност да ни се случи тој копчар
Александар ТОРТЕВСКИ
Секојдневно, на режимските телевизии гледаме нови доктори на наука и универзитетски професори на кои на ѕид да им нацртате три кози, две веднаш ќе им побегнат. Сите тие силни доктори упорно се обидуваат да закачат некоја привилегија, интелектуално проституирајќи се со владејачката врхушка
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
На 5 јули 2006 година кога Организацијата извојува неспорна, но не и многу убедлива победа, дојде на власт една опскурна, криминогена и социопатска групација. Збирштина од алчна братија, нереализирани и забегани пропалитети, џган „кој од кол, кој од ортома“