ВРЕМЕ Е ЗА НОВО ПРЖИНО!
Наспроти жените-херои, кои своеволно и без ронка дилеми се впуштија во уривање на постулатите на едно подмолно владеење, за кои „Фокус“ го посвети речиси целиот новогодишен број, стои една армија демотивирани женички, неодредено фокусирани во бенефициите и ќебапчињата на преродбата, кои се нудат како „кавијар“ на овдешниот систем.
ПАРТИСКО БУРЕ БЕЗ ДНО
По објавувањето на договорите според кои ДПМНЕ платила неколку агенции од САД милионски суми долари за да лобираат за неа во Вашингтон, деновиве логично се наметна прашањето колку пари навистина поседува ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски?
СОРАБОТНИЦИ НА ЈАНКУЛОСКА И МИЈАЛКОВ ПОЧНАА ДА НИ РЕФЕРИРААТ ЗА КРИМИНАЛОТ ВО МВР!
Неполни три месеци по изборот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за „Фокус“ вели дека открил злоупотреби – лични, партиски и за криминални цели во МВР, каде што, според него, бил изворот на злото и со изборниот криминал
НОКАУТ БОЛНИЧАР
Кој е Миле Смилевски човекот кој цели пет години го тренирал лидерот на ДПМНЕ на благородната боречка вештина? Зошто не се појавува во јавноста? Како од обичен болничар, стана „управител од сенка“ на клиниката за Токсикологија?
ФАБРИКА ЗА МЕСТЕНКИ
Сосема е логично и возможно, по откривањето на фабриката за пасоши, МВРО-ВМРО да го организирала своето криминално подземје, да испечати и на „Фокус“ да му подметне десетици лажни лични карти, афера со која потоа ќе мафта дека ја стокмила опозицијата и „Фокус“!
ЗАМОЛКНАТИ СВИРКАЧИ
И покрај доброто законско решение за свиркачите, Министерството за правда не го испочитува рокот за донесување на подзаконските акти, со што уште од стартот ја загрози примената на законот за укажувачите
ЧЕКАЊЕТО КАКО ИЗБОР
Ако СДСМ не може да победи на делумно фер и во голема мера нефер избори, џабе се занимава со политика. Ако тие чекаат да се оправи државата за конечно да се создадат услови за фер избори – никогаш нема да дочекаат
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Ова што го кажува Груевски во врска со „народните клоци“ треба да се земе дословно бидејќи е веќе видено. Да се потсетиме дека на 24 декември 2012 г., „народот“ со клоци ги избрка од собраниската сала пратениците од опозицијата и акредитираните новинари од галеријата
Ана ПАНОВСКА
Груевски грепчи, прета, лази, само некако да се добере до уште еден мандат. А дали тоа ќе му појде од рака, ќе му каже народот, кој, всушност, нема никаква природна врска со оваа однародена политичка фигура
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Пирамидата на клептократскиoт систем, исто како и мафијата, има повеќе нивоа, но нејзиниот врв секогаш е обвиткан со магла, поради која не може да се види од подножјето. Парадоксално, но граѓаните што ја сочинуваат основата на пирамидата, го даваат легитимитетот на нејзиниот врв
Александар ТОРТЕВСКИ
Груевски може да го врати на власт само човечко стампедо, само стадо немислечки суштества водени од наједноставниот инстинкт за просто преживување, купени со една рака сено, без свест дека шефот ги води право во бездната од која нема враќање