1059

by Фокус

НЕВЕРОДОСТОЕН ЛЕК ЗА ВЕРОДОСТОЈНА КРИЗА
Што ако Европејците по неколку недели заклучат дека нема суштински реформи!? Ќе ја ревидираат одлуката на парламентот за избори на 24 април? Ако, пак, имаме избори без опозиција, тогаш што фајде ако потоа заклучат дека изборите не се веродостојни!? Дилемата ми е само: дали сите опозициски фактори имаат сила да опстојат на ставот? Или ќе постапат како ситни души!?

МОРА ЗАПЛЕТ, ЗА ДА ИМА РАЗВРСКА
Ако сета оваа играрија околу изборите на 24 април без претходно исполнување на сите други суштински услови и рокови од Договорот во Пржино, е пред сѐ заради бегалската криза, тогаш еврокомесарот Јоханес Хан и оние кои мислат и се однесуваат слично на него, нека внимаваат. Многу реално можно е, кај да е, но наскоро, Европа да се соочи со уште еден бран бегалци. Повеќе од 1 милион луѓе. Од каде? Па од Македонија.

ИЗБОРИ ИЛИ ПРИВАТНА ЗАБАВА
Одлуката на СДСМ да не учествува на изборите на 24 април ја поддржуваат и албанските опозициски непарламентарни партии, кои сериозно им дишат во врат на ДУИ и на ДПА. Ахмети и Тачи, според нив, се повеќе тараби на кои може да се потпре Груевски, отколку легитимни претставници на Албанците

БЕСПРЕДМЕТНО Е ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ИЗБОРИ БЕЗ УЧЕСТВО НА СДСМ
Дарко Алексов, првиот човек на граѓанската асоцијација „Мост“ во интервју за „Фокус“ зборува за нерегуларностите во текот на минатите избори, за потребата од реформи во изборниот систем кои главно се избегнуваат, за кусото време да се направат суштински промени кои влијаат врз изборниот процес

КОЛЕВКАТА НА ПАСТИРОТ
Црвенковски и Георгиевски се двајцата клучни играчи од 1990-тите кои, покрај екс-југословенската КОС-булумента од поширокото семејство на пастирот, се прататковци на режимот на Груевски. И двајцата придонесоа за „вајмарскиот аргумент“ за понижување на Македонија, кој создаде терен меѓу Македонците за прифаќање водач со цврста рака

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ
На шведското казино „Аполонија“ во Гевгелија неколку месеци му се блокирани сметките, иако не се води никаква кривична истрага против компанијата. Според адвокатите, ова е игра на моќници од власта кои сакаат да го банкротираат казиното, за потоа да го преземат

ВАРДАРСКА ХАНОВИНА
Фактот дека еден муабет пред гранапче е подобар начин да се допре до обичниот гласач од сите експертски дискурси заедно, одамна го има сфатено Груевски. Во Америка, на пример, тоа го сфати Доналд Трамп, чиј популизам колку повеќе им е одвратен на неговите противници, толку повеќе им е драг на милионите обични американски граѓани

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Револуционерниот пресврт во Македонија бара да бидат отсечени корените за потребата од илузорно народно единство околу пастирот. Прв чекор треба да биде пресметката со нашето сталинистичко наследство, а тоа е, пред сѐ, пресметка со догмата дека ДАГ се борел против грчкиот монархофашизам

Ана ПАНОВСКА
Не давајте лицемерието на Груевски да ве зарази. Тој е само еден многу, многу уплашен човек, и затоа е опасен. Не спремајте се за избори! Чекајте! Можеби пак ќе се попишмани. Има денови. Времето веќе не работи за Груевски. А, ако сепак работи? Е, па тогаш, времето на Македонија ѝ истече!

Александар ТОРТЕВСКИ
Долг е списокот на гревовите на експремиерот, меѓутоа тоа не значи дека опозицијата по автоматизам ќе ги добие изборите. Опозицијата пред себе има тешка задача да ги убеди граѓаните дека има тим подготвен да ја води државата

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Параноидните духовни егзорцисти жигосуваа живи, ама им забиваа глогови колци и на мртви. Дали е тоа успех или не, народот ќе се изјасни. Не овој сегашен, тој „не е од тука“, шашардисан е со „синдромот Tрпе и Трајче“ и „ефектот на жабата“, кротко препуштена на горчливата судбина