РЕАЛИТИ ШОУ „ВЕЛИКА БРАТУЧЕДИЈА“
Замислете, Мухамед Али да бара публиката да се отстранува од неговите мечеви. Потоа народот „курирски“ да се информира како го нокаутирал противникот. Центарот за комуникации по секоја рунда да фура по едно соопштение за ниските удари на противникот. Никој никогаш не видел ниту едно директното соочување, ама го обожава боксерот. Нормално, ова е незамисливо за вистинскиот Мухамед Али, ама секојдневие за политичкиот лажњак од нашето тло.
ГЛАСАЧКИ „ТУРИЗАМ“
Специјалното обвинителство ќе истражува дали над 15.000 државјани на повеќе европски земји, кои дошле да гласаат на изборите во Македонија на локалните избори во 2013 г., воопшто имале право на глас и кој е одговорен за целата оваа операција, за која слушнавме и од „бомбите“
ИЗБОРНИ СОНИШТА
Шансите дека на следните избори ДПМНЕ ќе однесе уште една победа против СДСМ, се намалуваат со можноста за раситнување на десницата, но и со предизборната агенда на Катица, која може како лавина да го покрие криминалниот коловоз на пастирот кој води до изборите во април
МЕЃУ КОМУНИЗМОТ И ГРУЕВИЗМОТ НЕМА РАЗЛИКА!
Првиот човек на ЛДП, Горан Милевски, во интервју за Фокус потенцира дека Македонија е пред историска шанса за промени која не смее да се пропушти. Вели дека тоа не е можно да се направи со рацепкана опозиција и дека е потребно групирање по примерот на ДОС во Србија
„КАПА“ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Владимир Талески е првиот „градски татко“, кој ќе биде предмет на обработка на Катица Јанева. Специјалното обвинителство од битолското обвинителство го презеде предметот со кој Талески е осомничен дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“
ПОЛОШКА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА
Иако се наоѓа под Шар планина, Тетово е убедливо најзагаден град во земјава и влезе во групата на топ 3 најзагадени градови во светот. Ова го запали алармот кај граѓанските организации, кои бараат локалните власти да ја дислоцираат градската депонија, а Владата да го принуди „Југохром“ конечно да ги инсталира филтрите
ПОПУЛИСТИЧКИ МАНТРИ
Само во текот на декември, премиерот најави дузина предизборни честења: бесплатен превоз за студентите, бесплатни екскурзии за најдобрите студенти во Париз, Барселона, Венеција, бесплатен превоз за учениците во железницата и на жичарницата на Водно, бесплатни карти за во кино и театар, а ја одобри и употребата на марихуаната за медицински цели…
УЕР ИС ХОБО?
Заев им понуди амнестија на учесниците во злосторот „владеење на Груевски“. Режимот немаше да владее толку долго, да не ги добиваше гласовите од оние кои ги вработи во јавната администрација. Ако постоењето на режимот е злосторство, што друго се тие луѓе кои го одржуваат на власт, ако не – соучесници
Колумнисти:
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наместо фактор на стабилност, полицијата во нашиот транзициски период остана битен фактор во мрежата на декомпонирање и деконституирање на демократските процеси, владеење на правото и девастирање на професијата
Рамадан РАМАДАНИ
Татковината не се планините, полињата, потоците залудно; татковина е твоето право, семејството, честа, работата и сопствената пот…“. Така, многу од граѓаните во Македонија, испраќајќи ги своите чеда, почнуваат да размислуваат зошто залудно да сакаат камења и земја ако ги немаат своите во таа земја?!