1050

by Фокус

МАК-ФИЛМСКИ ХИТ „НИЕ СМЕ ЛУДАЦИ“, 7-МИ ДЕЛ
Груевски сега е во филмот на бајката за „Храбриот кројач“. Тој што со еден удар седум отепал… ама муви. Обнароди дека ќе ја кроел програмата заедно со народот. Откако, нели, му зеде мерка. И ги повикаа граѓаните да доставуваат предлози со слоганот „На Македонија ѝ треба твојата идеја“. Јас имам идеја за доброто на Македонија, но убедена сум дека ич нема да ми ја бендиса. Ама, вистината е како шило, нели!

ФАБРИКА ЗА ЛИЧНИ КАРТИ
На две тајни локации во Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, најверојатно за изборни цели. Извори на „Фокус“ велат дека 30.000 лични карти сѐ уште постојат, а до нас доставија 105 примероци

„ИСИЛ“ ПАТРИОТИЗАМ
Како идеалите за слобода, братство и еднаквост што ги симболизира француското знаме, изгледаат илуминирани врз Археолошкиот музеј „Александар Македонски“, кој во основа буди злосторнички, бандитски, мафијашки, насилнички и воено-хушкачки асоцијации?

НЕ МОРА ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ПРАВИМЕ ВЛАДА СО ПОБЕДНИКОТ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ
Во интервју за „Фокус“, Беким Незири, шефот на изборниот штаб на ДУИ, вели дека сега за Македонија е најважно да се соединат платформите на идните коалиционери. Незири негира каква било вмешаност во смената на Мухамед Зекири од Алсат-М

ВЛАДАТА ГО РАСПРОДАВА „ОХИС“
Додека пропаѓаат десетина обиди за продажба на некогашниот гигант во хемиската индустрија, вработените се сомневаат дека менаџментот го распродава бакарот, месингот, иноксот, платината и се што има голема вредност, а не се знае каде и како завршува

ЗА ОШТЕТА ОД 50.000 ЕВРА, ТРЕБА ДА ИМА ТАКВО ПСИХИЧКО РАСТРОЈСТВО – ДВА МЕСЕЦА ДА ЛЕЖИ НА КЛИНИКА!
Во интервју за „Фокус“ д-р Георги Чадловски јавно зборува за лошите состојби во здравството. Според него, психијатриските вештачења се штанцаат од ракав, а премиерот и министрите бараат вртоглави суми пари за да внесат страв во коски кај граѓаните

ЦРНА ДУПКА
Ако сите луѓе во организацијата се мотивирани само од желбата да дојдат до пари и функции, ако нема ниту еден кој како Маркус Куртиус ќе биде спремен да го жртвува своето его, својата суета, својот инает за доброто на каузата – тури ѝ пепел на таа кауза

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
За да не настанат многу поголеми и поопасни турбуленции во светот, во идниот период ќе треба да се постигне разбирање меѓу САД, Русија, Кина и Европа, за да се изнајдат патишта за регулирање на фундаменталните демографски движења за постепена секуларизација на државите

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Постои една сокриена „Петта власт“, која нема потреба од посебен легитимитет, т.е. избор и поддршка од граѓаните. Таа државно–партиско-институционална клановска „Петта власт“ е легализираната мафија