1048

by Фокус

ИЗБОРНА МЕГАИЛУЗИЈА ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА!
Новото задолжување ќе биде само зачин во политичката војна, која ќе финишира низ еден дополнителен судир и поделба на сите нивоа во општеството. Оти ниту Груевски мирно ќе гледа како Јанева ги сецира еден по еден неговите најзначајни играчи, ниту Заев ќе смее да дозволи тоа да биде проследено со нова тешка изборна мегаилузија тешка половина милијарда евра.

УАПСЕНИ, ПА ЛИКВИДИРАНИ!?
Семејствата на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај тврдат дека двајцата водачи на вооружената група во Куманово се подоцна ликвидирани за да се прикрие сценариото за викенд-војната, според кое за пет милиони евра, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции без жртви, за да го свртат вниманието на јавноста од „бомбите“

ТИТО БЕЛИЧАНЕЦ: ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА ОДГОВАРА И ПРЕД МЕЃУНАРОДЕН СУД
По 25 години молк, Тито Беличанец, потпретседателот за политички систем на последната еднопартиска влада, за првпат јавно говори за успесите, но и за аферите што му дадоа белег на Извршниот совет како што тогаш се нарекуваше, кој ги подготви првите повеќепартиски избори. Беличанец не ги штеди своите критики за актуелната владеачка партија

ОЛИГАРСИТЕ И РЕЖИМОТ
Факт е оти олигарсите, создадени во времето на болната транзиција, шампиони на СДСМ на Црвенковски, многу одамна предат како мачиња во скутот на Фамилијата. Тие продолжуваат штедро да ја помагаат преродбата, фрлајќи окце кон опозицијата, за да не се случи „бомбите“ навистина да му доакаат на пастирот

ЛЕКАРСКИ ЕКСКУРЗИИ
Министерот за здравство пред три години законски ги обврза лекарите во јавното здравство да одат на обуки во странство. Но, како што тврдат лекарите, наместо да научат нешто таму, повеќе одат како на екскурзија. Повеќето од нив обвинуваат дека овој проект е промашена инвестиција, пералница на пари и уште една популистичка мерка

ПРИЛЕПСКИ „ДУИНГ БИЗНИС“
Наместо да почне да го гради објектот вреден 5 милиони евра на атрактивна локација во Прилеп, на земјиште кое фирмата „Изофас“ го купила од општината, сопственикот Митко Иваноски повеќе од три ипол години е заглавен во општинските бирократски лавиринти. Причината е банална –  тој не е странски инвеститор, туку домашен, а башка не инвестира ниту во индустриска зона

ВТОРИОТ ПАТ НЕ Е ИСТО
Двете политички магариња носат различен товар. Едното носи сунѓери и не смее да си дозволи да падне во реката, оти кревање нема. Другото носи сол на грбот и не смее да си дозволи да не падне во реката, отинема да може да се крене растоварено, а ако не се растовари, нема да може да издржи уште долго по патот по кој оди. Ниту магарето, ниту Македонија

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Случајот со играта околу поканата за бриселскиот состанок за мигрантите и посетата на петте амбасадори на Иванов, а особено неговата мисија во Ватикан, можат да се сфатат како навестување од ден на ден да се приближуваме на состојбата кога Груевски ќе биде непожелен соговорник во странство

Рамадан РАМАДАНИ
Старите чекаат од младите да сторат нешто, младите чекаат на старите. Албанците од Македонците, Македонците од Албанците и конечно власта и опозицијата меѓусебно се чекаат и, секако, не се дочекуваат. Власта чека да биде нападната, но и опозицијата се брани и само чека на некој напад од власта

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Будните горди и послушни партиски војници „бачкаат“ 24/7 и перманентно произведуваат шпиони и кодоши. Тие мора да ги пронајдат или да ги измислат, мора да фатат црна мачка во темна просторија, дури и ако таму ја нема