ГРУЕВИЗМОТ СОЗРЕА ВО ИДИОТИЗАМ
Благодарение и на клонираните груевци, режимот што го нарекувавме ГРУЕВИЗАМ веќе прогресираше во позрела фаза – ИДИОТИЗАМ. Значи, ќе има сѐ поидиотски објаснувања и акции, ама тоа е и последната фаза од султанизмот. Треба само да се издржи, ама проактивно. И да, согласно најфрешкиот хорхизам „ако не се држиме заедно – ќе висиме одделно“, народот ќе одлучи: дали ќе висите заедно или сам по сам!
НАРОДОТ КАКО „БУРКА“
Соочен со кривичен прогон Груевски се обидува да тренира директна конфронтација со меѓународниот фактор, повикувајќи се на народот „кој одлучува за својата иднина“. Зад народот пастирот веќе не може да ја крие одбраната на името и идентитетот, му остана само да го крие својот – криминал!
ГРУЕВСКИ СИ Е – ГРУЕВСКИ!
Светот се заканувал со санкции! Поточно, ЕУ и НАТО. Најточно, САД, Германија, Италија, Велика Британија, Франција… но и другите меѓународни пријатели на Македонија. Има ли поголема санкција за Македонија и за нејзините граѓани од оваа генијална власт?
УБИСТВО И ДОКАЗИ
Судскиот процес за грозоморното убиство на Мери Јошевска, според документацијата, најавува неизвесност. Дали Миле Хаџиски, долгогодишниот бегалец од правдата, е единствениот убиец на Јошевска, како што тврди обвинителството или во станот, критичниот ден, имало уште некој?
МИНИСТЕР СО ЃОН ОБРАЗ
Во последните неколку дена, во земјава имаше неколку смртни случаи. За само три дена починаа две родилки, новороденче и 14-годишно девојче! Колку пациенти треба да починат за министерот за здравство Никола Тодоров да поднесе оставка
ПРИЛЕПСКИ ПАТРДИИ
Јавната набавка на две возила во Здравствениот дом во Прилеп била толку килаво изведена, што една проста анализа на тендерската документација и записниците на комисијата открива дека надлежните тешко можат да објаснат како воопшто ги купиле двете „шкоди“
„СЛАВИЈА“ НА БАРАБАН
Раководството на „Славија“, каде што доминантен сопственик е владата, веќе продаде дел од имотот, десетина објекти – за пониска цена од проценетата пазарна вредност, поради што поранешните вработени обвинуваат дека имотот се распродава за багатела
ОД ЛОШИТЕ ПОЛОШИ
Наместо да се восхитува на храброста на црногорската опозиција, овдешната опозиција треба да извлече јасна поука и од нејзините и од сопствените грешки. Затоа што Никола Груевски одамна ги има апсолвирано сите мудри лекции од успесите на Мило Ѓукановиќ, а ако дојде „нож до коска“, нема да се гади ни од методите на Башар Ел Асад.
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Тешко може да се очекува од Груевски да допушти да се оспособи специјалното обвинителство да си ја врши својата функција. Тој добро знае дека со првото обвинение за него, за 180 степени ќе се сврти расположението
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во современиот тренд на тролирање, активно учествуваат и посебен сој ПДО тролови во безбедносно-разузнавачките служби. Најчесто преку лажни фејсбук-профили или со вистинско име и презиме шират гола пропаганда и збунетост во интернет-просторот
Рамадан РАМАДАНИ
Договорот од Пржино ќе биде како секое јадење приготвувано на бавен оган и температури: или ќе испадне нешто многу вкусно или ќе се заборави во оган, па сето ќе испари. Освен што ќе се уништи храната внатре, дополнително ќе се оштети и лонецот. Или грнето, казанот, чинијата или тавата, секому според главата