1038

by Фокус

АХМЕТИ ПАЃА, АМА ВО ТАНДЕМ СО ГРУЕВСКИ
Ова е период кога се урнаа двата мита, за чесноста и за патриотизмот и на Груевски и на Ахмети. Закрепостените партиски фанови тоа сигурно не ги расколебува, ама, за среќа, не успеаја да ги шашардисаат сите во нивните клиентелистички оргии. Падот на Ахмети, секако, ќе го урниса и режимот, особено Груевски. Ама тоа не значи дека ќе дојде само по себе!

СПЕЦ-ОБВИНИТЕЛ И ПРВ ПЕНДРЕК
Можеби сите очекувања на јавноста се насочени кон тоа кој ќе го наследи Груевски, меѓутоа многу позначајна улога може да имаат новиот министер за внатрешни работи и специјалниот јавен обвинител, функции за кои има многу кандидати

МУХАМЕД ЗЕКИРИ: АХМЕТИ НЕМА НИКАКОВ КРЕДИБИЛИТЕТ МЕЃУ АЛБАНЦИТЕ
Во интервју за „Фокус“ Зекири предвидува дека наредните избори ќе го означат крајот на политичката доминација на Али Ахмети. Според него, Ахмети во последниве две години, со низа постапки, го изгубил кредибилитетот кај Албанците

„БИБЛИСКА“ МАКЕДОНИЈА
Политичкиот лик на Груевски е унакажан, без оглед дали го крие зад „мајбах“ очила или зад лопата фрлена на камен-темелник. Како лик од стрипот Алан Форд поради чија грозоморна појава Боб Рок ќе му рече на Сер Оливер – „Погледај, ово лице може само мајка да воли“!

МАКЕДОНИЈА СЕ ИСЕЛУВА
Немаме капацитет за мигранти, посветени сме на креирање емигранти. Младите знаат дека единствената можност да дојдат до работа е нивните родители да молат за глас за ВМРО-ДПМНЕ по соседи, пријатели, поради што се решаваат да ја напуштат Македонија

ЌОР-ФИШЕК ПРЕСУДА
Пред еден месец, Верушевски доби три години затвор за поседување службен пиштол. „Фокус“ дојде до одлука на Врховниот суд, кој во сличен случај прецизно укажал дека МВР е тој што мора да го бара оружјето назад, а не да очекува тој што го поседува самиот да го врати

ТОДОРОВ КОНТРА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ
Националната комисија за дијабетес што ја формира министерот Тодоров редовно испраќа имејлови во кои бара од лекарите, дијабетичарите да бидат префрлени на поевтина терапија, што може да биде опасно за нивниот живот

АВТОКАМП ЗА ЏАБАРЛАК
Сопствениците на земјиштето во Градиште, не можат да си го вратат имотот во автокампот. Иако Груевски им ветил праведно обесштетување, намерата на комисијата за денационализација е да се приграби повеќемилионски имот на брегот на Охридското Езеро

КОЈ ЌЕ ИМ ПРАВИ ДРУШТВО НА БЕГАЛЦИТЕ ПО АПРИЛ 2016-ТА?
Многумина се најдоа разочарани и засрамени од покажаниот шовинизам на Македонците деновиве, чии ксенофобни статуси доминираа по социјалните мрежи. Ама, која било сериозна партија, со амбиција да дојде на власт, не смее да оди против предрасудите на луѓето од кои утре ќе бара гласови. Оти, не секогаш она што е популарно е добро и не секогаш она што е добро е популарно.

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
На 24 август, на порталот МКД.мк беше објавена колумна од амбасадорот Ристо Никовски. Иако е целата насочена против мене, сепак е важен текст во кој се присутни сите заблуди во нашата политичка свест, кои не ѝ дозволуваат на Македонија да исплива

Рамадан РАМАДАНИ
Многу години и на неколкупати Турците, Ромите и Србите бараа загарантирани пратенички места со кои нема да зависат од коалиции со поголемите партии. Вака со една изборна единица, со мал природен изборен праг тоа и можат да го имаат. Сега тие се на потег!