1025

by Фокус

ГОЛЕМАТА ЛАГА ЗА „ТУРСКИ ТЕК“
Намигнувањето кон Москва, како обид да се спаси фотелјата во Македонија, е сигурен знак дека времето на овој политички систем што го продуцира Илинденска број 2, полека завршува. Ниту геостратегиски, ниту политички, ниту историски, оваа земја може да биде руски приврзок.

ПРЕГОВОРИ ЗА СПАС
Во кожата на пастирот сега мора да е страшно неподносливо. А само пред седум-осум месеци Заев го молеше поради интересите на Македонија да прифати техничка влада. И сигурно се има стопати покајано што не го прифати тој предлог

ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ СЕ ПАКУВА?
Најоптимистичкиот план на меѓународниот фактор е сѐ да се заврши и преодна влада да се формира некаде до половината на јуни, за да може на Самитот на 21 јуни, ЕУ да ја поздрави како почеток на излез на Македонија од кризата. Резервна варијанта е јули, пред годишните одмори

ЉУПЧО РИСТОВСКИ: ДЕВЕТ ГОДИНИ ИСТИ ЛИКОВИ
„Актуелниот модел на владеење со сеење страв, заплашување, притисоци, закани, уцени и строго контролирање на поинакво мислење, ги урниса вредносните постулати на системот…“. Ова се опсервациите на д-р Љупчо Ристовски веќе 14 години државен советник во Владата

„ЈУСТИЦИЈА“ КАКО НЕПРАВДА
Кога кон крајот на минатата година одекна информацијата дека се уапсени десетина судии, задоволството беше и повеќе од очигледно. Но по осум месеци, станува се појасно дека не станувало збор за борба против криминалот и корупцијата, туку за класична неправда

АЛЕКСАНДАР ПЕТРЕСКИ: ИМ ИЗБЕГАВ НА КИДНАПЕРИТЕ ОД УБК, А ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ МИ МЕСТЕА И ЛИКВИДАЦИЈА!
Очекувајќи дали ќе му биде поднесен обвинителен акт, поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески за првпат јавно ги открива сите закани и притисоци што му ги приредува власта – како му подготвувала сообраќајка, како го киднапирале, како му ги украле локалните избори?

ОХРИДСКИ БУНАР
Вкупната инвестиција за охридската болница што се градеше 3,5 години, изнесувала 4,2 милиони евра, за подоцна власта да признае дека чинела седум милиони евра сосе опремата. Но, „бомбите“ на Заев открија дека голем дел од парите завршиле во „бунар“

ДИЈАГНОЗА И ТЕРАПИЈА
Диктатура со пуч или демократија со револуција, сеедно, и едниот и другиот модел со сила може да се инсталираат. Ама да се одржат со сила, не можат ни едното, ни другото. Народот мора да сака да опстане демократијата, односно диктатурата

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Поразот е главниот учител на демократијата. А Груевски сега веќе треба да прифати дека е поразен и треба да престане да го блокира демократскиот развој на државата

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Кризата во економијата и евентуалниот банкрот од кој стравуваат бизнисмените нема да се случи поради политичката криза и „бомбите“ на Заев, туку како последица на погрешна економска политика водена од теснопартиски и лични цели

Рамадан РАМАДАНИ
Има една тема која треба да биде предмет на преговори и ќе оневозможи да ни се случи ваква кражба на суверенитетот за во иднина – преформулирање на изборните единици, усогласување на избирачкиот список и отворени партиски листи на кандидатите