1024

by Фокус

„ДИКТАТУРАТА НА МАЛЦИНСТВОТО“ ПРОТИВ ДИКТАТОРОТ
Ако препородени груевисти, Стевчо, Дојчин или Боцевски се во право, тогаш Груевски е светски феномен, кој од авторитарец едно утро се разбудил и биднал демократ. Јас, пак, мислам дека со секоја следна година од владеењето на Груевски режимот му станува сѐ поаздисан.

ДОСИЕ „LA PETITЕ GUERRE
Жерар Аскинази и тим од неговата „Ажанс Публик“ од Париз, според француските медиуми, се луѓето кои во средината на февруари престојувале во Македонија и со власта договарале како медиумски да ја покријат воената акција во Куманово што се случи на 9 и 10 мај.

РЕШЕТКИ ЗА ПРЕМИЕРОТ?
Додека обвинителството калкулира, „Фокус“ анализира колкава годишна робија му се заканува на премиерот, доколку некогаш седне на обвинителна клупа за кривичните пријави од „бомбите“. Пресметките покажуваат, 40 години за десетина тешки кривични дела.

ЧОВЕКОЛИКА ДИКТАТУРА
Политичкиот кредибилитет на премиерот не му е нарушен зашто зад него не стои народ, без оглед од кои причини дел од граѓаните го поддржуваат. Правото на Груевски да ја води државата е урнисано поради сомненијата за неговото криминално и автократско владеење.

„НЕУТРАЛНИТЕ“ АЛБАНЦИ
На опозицискиот собир можеа да се забележат многу Албанци, но нивното присуство беше неорганизирано, бидејќи албанските партии се однесуваат неутрално во политичката криза. Според познавачите, оваа неутралност на албанските водачи значи поддршка за Груевски.

ДЕЈАН СТАВРИЌ: ЛЕКАРИТЕ ЗНААТ ДЕКА ВО ВЛАДАТА ИМА ПСИХОПАТИ
Очниот хирург Ставриќ, синдикалецот кој повеќе од 50 дена го предводеше Генералниот штрајк на лекарите против проектот за плаќање по успешност, минатата недела доби едногодишна затворска казна за наводно посредување за инвалидска пензија. За „Фокус“ говори за политичката нарачка на пресудата.

ШТО НЕ МОЖАТ „БОМБИТЕ“, МОЖАТ ПАРИТЕ
За демократија, слобода, европски вредности, се виде колку луѓе ќе дојдат на митинг. Ама за цела годишна плата одеднаш во џеб – ќе има многу повеќе луѓе за победа на СДСМ. А овој план, не може да го копира власта со контраплан. Оти, парите што треба да се делат се парите што таа ги украла од граѓаните за себе!

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Груевски, како последен гребатор се гребе и не може веќе ништо да изгребе од квазипатриотската тава на ВМРО-то. Овие, од фамилијата сепак се малубројни за тој да успее да го доврши мегаломанскиот темелен „проект“: Уништување на Македонија!

Џелал ХОЏИЌ
Ова не е борба кој ќе дојде на власт. Деновиве никој не повикува да се застане зад СДСМ или која било друга партија, деновиве има само едно дилема: Или Груевски или Македонија!

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Поривот за слобода е практично обединувачкиот елемент што ги собра луѓето пред зградата на владата, за разлика од актот на луѓето на власт кои пред Собранието повторно понудија „патронство“ под „покривот“ на крстот.

Рамадан РАМАДАНИ
Сега уште фали и еден камп на ДУИ внатре во Владата, за случајно да не му текне на некој да побара оставка и од нив. По толку ужаси, разорувања и смрт, овие го надминаа и опонентот Тачи, кој изразуваше верност до смрт. Од ДУИ изгледа се заветиле на верност и по смрт.