ОЖАЛОСТЕНА ФАМИЛИЈА
Бомбите на Заев ги насликаа ликовите од нашата трагикомедија како да излегле од „Ожалостената фамилија“ на сатиричарот Бранислав Нушиќ. „Ожалостената фамилија“ како и нашата Фамилија на власт, всушност, е сурова приказна на сонот за среќа, кој се заснова на туѓа несреќа, за „изгубениот рај“, кој се темели на туѓ пекол. Најтажно од сѐ, барем кај нас, е што водачот на Фамилијата е водач на народот!
ТЕРОРИСТИЧКО ШОУ
Во верзијата на МВР дека се случил напад на 40 вооружени врз караулата во Гошинце, што претставува терористички чин врз Македонија, има премногу случајности и премногу пропаганда
ПОДОБРО ВОЈНА, ОТКОЛКУ „БОМБИ“
Своето џепарошко, бандитско крвавење како последица од разорните детонации на „бомбите“ на Заев, Груевски сака да го прикаже како херојска рана од библиската битка за Македонија
„МЕЃУНАРОДНАТА“ ГУБИ ТРПЕНИЕ
Светското лидерство со мегаскандалот „прислушување“ и криминалното навлегување во сите пори на државата и општеството, продолжува да ја „тресе“ Македонија, но и пријателската меѓународна заедница
ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: АКО НЕМА АМНЕСТИЈА МОЖЕН Е КОНФЛИКТ МЕЃУ САМИТЕ МАКЕДОНЦИ!
Кога ја споменав амнестијата, добив лавина од напади и во одреден момент се почувствував како СДСМ да е на власт, сѐ контролираат во државата, се спремаат утре изутрина да поапсат сѐ од ВМРО-ДПМНЕ, вели во интервју за Фокус, Љубчо Георгиевски
БИТОЛСКА ПИРОМАНИЈА
Опожарувањето на двата автомобила на партиски активисти на СДСМ ги разбранува страстите во Битола. Опозицијата се сомнева дека мотивите на нарачателите на кукавичкиот чин се од политички карактер
СТЕВАН ПАВЛЕВСКИ: ЗВРЛЕВСКИ КРИВИЧНО ЌЕ ОДГОВАРА АКО НЕ ГОНИ ЗА „ПРИСЛУШУВАЊЕТО“!
Адвокатот Стеван Павлевски, поранешен јавен обвинител на РМ за „Фокус“ го анализира однесувањето на јавното обвинителство за аферите „Пуч“ и „Прислушување“и навестува кривична постапка против надлежните обвинители ако не си ја завршат работата како што треба
ЛУСТРАЦИЈА ПО НАРАЧКА
Кичевскиот судија Билески кој според аудио-снимките на Заев е лустриран по втор пат по интервенција на пратеникот Милошоски, ни достави документи од кои може да се утврди дека не бил кодош
ЛИДИЈА МАРКОВА: БРЕЖНЕВ САКАШЕ ГТЦ ДА СЕ ПРЕСЛИКА ВО ЦЕНТАР НА МОСКВА
Откако го изградивме ГТЦ, Тито дојде да го посети, и тоа заедно со рускиот државник Брежнев. На гостинот толку му се допадна што сакаше да изгради ист таков центар во Москва. Но, планот пропадна оти тој не остана на позицијата што ја имаше, вели Лидија Маркова, единствениот жив архитект на ГТЦ
КОЈ ГИ ЛЕТА КОНТРОЛОРИТЕ
Во една од последните „бомби“ на Заев се слушна дека таткото на министерот Никола Попоски, Живко, кој е извршен директор во М-НАВ го избркал од работа првиот синдикалец. Каква е неговата улога во Контролата на летање
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Она што ги измачува овие нови историчари во Македонија, не се „трските“ и форсирањето на Дунав, туку сите тие се преземаат да се докаже дека Словените отсекогаш биле на Балканот
Рамадан РАМАДАНИ
Мислам дека е ред да се пренесе перверзијата на случката според која останала изреката: ќе… и оро ќе играат. Во нашиот случај: врхушката на власт ќе падне и оро ќе игра
Џелал ХОЏИЌ
Ако груевизмот ги преживее „бомбите“ и налетот на опозицијата, тогаш диктатурата во Македонија ќе наликува на оние во африканските држави, што е полошо од оваа досегашната