1019

by Фокус

ПРОЛЕТНИ СЦЕНАРИЈА
Сценарио 1 претпоставува акција „Сабја“ за обезглавување на опозицијата и влез во белоруски филм. Сценарио 2, по теркот на „Ѓинѓиќ – револуцијата“ во Србија ќе значи пораз за власта, но Македонија ќе треба да плати многу болна цена. Сценариото 3, кое во моментов се чини најреално, ќе значи болни компромиси и нови амнестии, но тоа најмирно би ја извлекло Македонија од целата оваа ситуација!

„БОМБИТЕ“ ГО СТРЕСОА БЕЛИЗЕ
„Мур Стивенс“, консултантската компанија од Белизе каде што се регистрирани неколку фирми поврзани со Македонија, меѓу кои е и Сирах лимитед“, која се поврзува со фирмата купувач на плацот на Водно, буквално прекуноќ, по 10-та бомба на Заев исчезнала од локацијата каде што беше сместена

„ТАЈНАТА“ НА ПРВИОТ ЛУСТРАТОР
Првиот лустратор Аџиев бил претседател на УО на здружението на возачите од Битола, а потоа станува содружник во фирмата за технички преглед на возила. Таткото на пратеникот Милошоски, пак, беше секретар на кичевското здружение на возачите, а неговиот брат сѐ уште е застапник на Сојузот на здруженијата на возачите. Дали сето ова е случајно?

ШОКАНТНО СВЕДОШТВО ЗА „МОНСТРУМ“
Поминаа три години од велигденскиот масакр колку што трае и потрагата по вистината на семејствата на убиените момчиња, кои за „Фокус“ појаснуваат дека зад решетки завршиле само дел од извршителите, а нарачателите останале на слобода

ДО РЕФЕРЕНДУМОТ И ПО НЕГО
Кога е во прашање Општина Центар, времето покажа дека дури и Никола Груевски не може да им ја наметне својата волја на граѓаните. Дали на 26 април народот ќе го победи барокот, дали автентичноста ќе го сопре подемот на кичот и дали надуваниот цензус со пустечани ќе ја порази искрената волја на вистинските центарци, и што потоа, останува да видиме

ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА ИЗБИРА МЕЃУ РОМАНСКОТО СЦЕНАРИО НА ЧАУШЕСКУ И БУГАРСКОТО НА ЖИВКОВ!
Есад Рахиќ, поранешен пратеник на СДСМ, претседател на собраниската комисија за надзор на УБК од 2006 до 2008 година, за „Фокус“ говори за опремата за прислушување од Израел, за СДСМ кој го напушти неодамна и за излезот од политичката криза

ДОГОВОР ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕ
Обвинителството не мрда со прст за бомбите на Заев, наспроти истрагата за „Пуч“ која е во финална фаза. Недостасуваат уште аудио-снимките кои ќе посведочат како власта се договарала да ги прислушува политичките противници

РЕЖИМОТ И СПЕЦИЈАЛЦИТЕ
Влегувањето на граѓаните со стапови во Владата може да се легитимира, но, насилството не е неопходно. На народот на располагање му стои ненасилен, пасивен отпор, блокада на окупираните државни институции од нелегитимно избраната и криминална власт

ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО ЗДРАВСТВОТО ЖРТВА НА „ЕКСПЕРТИТЕ“
Секоја клиника или болница самостојно распишува тендер за набавка на потрошен материјал. Ако 32 клиники на годишно ниво распишуваат 15 тендери, а секоја достава на тендерска документација ги чини 300 евра, тогаш во Советот за јавни набавки влегуваат повеќе од 150 илјади евра!

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Тоа што директорот на УБК е прв братучед на премиерот си го дозволуваат само диктаторски режими. Полубратот на Садам Хусеин беше шеф на службата за државна безбедност во Ирак, а најстариот син на Гадафи беше шеф тајната служба во Либија

Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ
Со оглед на тоа што граѓаните не можат на избори да го казнат неодговорното однесување на власта бидејќи изборите се „украдени“, би било добро функционерите да одговараат кривично за дискриминаторскиот однос кон граѓаните

Рамадан РАМАДАНИ
Друг адут за тврдењето дека, ако не април тогаш мај ќе ги донесе и политичките промени, освен природните, е и фактот дека овојпат отпорот и решението од криза се води во неетнички граѓански контекст