ЗАЛУТНАТА ЕКОНОМИЈА, ИЗГУБЕНИ ЈАПОНЦИ
Имам чувство дека некои од „домобраниве“ уште долги години ќе талкаат низ нашиве бетонски шуми, трагајќи по античките корени и славомакедонските предавници. Ќе чекаат да се појави наредбодателот за да им каже кој пат да го фатат.
ЗАЕВ ЌЕ ПУКА ОД СУДНИЦА
Поврзаноста на Груевски и Мијалков со незаконското прислушување, црно на бело, Заев ќе ја докажел штом почне судењето. Тогаш обвинителите повторно ќе бидат на потег. Дали ќе ги гонат првите луѓе во државата или, како по навика ќе се прават дека ниту гледаат, ниту слушаат
ВНАТРЕШНА ИМПЛОЗИЈА
Со исклучувањето на Кекеновски ВМРО-ДПМНЕ ја пресретна неговата намера да се кандидира за партиски лидер на претстојниот конгрес. Но заедно со Амстердамската тројка и други вмровци тој најавува дека ќе се обиде со пратениците да ја урне Владата во Собранието
ДУИ И ПАТРИОТСКИТЕ БОМБИ
Во битката за вистината, правдата и слободата Заев не се надева премногу на Ахмети, иако многумина мислат оти го штеди со бомбите. И тоа е добар избор, само ако навистина има стратегија како да ги освои срцата и разумот на граѓаните
СЕ НЕРВИРАМ ОД ВЕСТИТЕ НА МТВ, А МИ СЕ ПЛАЧЕ ОД БАРОКОТ
Како новинар буквално израсна во Македонската телевизија, но веќе 16 години е дел од Британскиот јавен сервис. Со Маја Петрушевска, која деновиве престојуваше во Скопје, разговаравме за разликите меѓу МТВ некогаш и денес, но и за стандардите на Би-би-си за јавен интерес
РАСАДНИК ЗА КПД ИДРИЗОВО
Фондот за здравство за само еден месец смени пет директори. Повеќето од поранешните завршија со кривични постапки, а некои и в затвор за проневера или поради партиска одмазда
КРВАВИОТ ПИР НА РЕЖИМОТ
Убиството на обвинителот Мехмет Селим Кираз во полициската акција против неговите киднапери од Револуционерниот народно-ослободителен фронт ќе ја заостри диктатурата во Турција
РУДАРСКИ МАКИ
Седум рудари настрадале во рудникот „Саса“ во последните години, но нивните семејства никако не успеваат по судски пат да ја докажат одговорноста на рудникот. Откако го разрешија синдикалниот лидер, другите рудари се под постојан притисок на раководството
РЕПУБЛИКА ЦИНИЧНА МАКЕДОНИЈА
Со Македонија владее врхушка која обезвредни сѐ што можеше да се обезвредни, со цел за џабалак да ги стави во џеб сите работи од кои може да се вади некаков профит. Откако стана јасно дека за нив ни Македонија нема вредност, им остана уште да утврдат колку тоа точно чини Македонија
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Да не е зафатена од длабока внатрешна криза ВМРО-ДПМНЕ, и кризата не би била вака драматична, а можеби не би ја ни имало. Значи, вистинските патриоти треба да се пресметаат со лажните патриоти внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа тој процес почна.
Ида ПРОТУЃЕР ВЕЉКОВИЌ
Кога личност со очигледна психичка нерамнотежа ќе застане на чело на државата и ќе одбере за свои соработници слични на себе и дополнително, послушни „копии“, тогаш немаат проблем тие, туку граѓаните
Рамадан РАМАДАНИ
По ова веќе никој нема да може да ги крие плацевите на Водно или бачилата позади Македонија или Албанците. Полека, но сигурно се чини дека историски се приближуваме до моментот каде што Албанците ја наоѓаат вистинската Македонија, а Македонија вистинските Албанци