1008

by Фокус

МИЗЕРНА МЕСТЕНКА?
Дали во случајот Верушевски е во прашање огромна утка на полицијата, која во паника од најавената „бомба“ на Заев сее страв? Станува ли збор за јасна порака до „доушниците“ на СДСМ што може да ги снајде ако пренесуваат информации за криминал во власта?

ГРЧКИ ИЗБОРИ, МАКЕДОНСКИ МАКИ
Ако Ципрас, како и Самарас, продолжи да игра „Сиртаки“, а Груевски „Тешкото“, тогаш нема што добро и оптимистички да се очекува. А Ципрас не сака вратоврски. Како најмлад и прв радикален левичарски грчки премиер по 150 години – ќе ни врзе ли и тој машна?

СВИЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА
Демократската транзиција во Македонија, според дипломатите, не може да се одвива без ВМРО-ДПМНЕ. Од тие причини, се повеќе се зборува за тивка смена во врвот на владејачката партија. Кои се можните кандидати за лидер ако Груевски биде принуден да се повлече?

ЌЕ ГО ОКУПИРАМЕ И УНИВЕРЗИТЕТОТ, АКО ТРЕБА!
Активистите на Студентскиот пленум, Анастасија Петревска и Владимир Делов, за „Фокус“ говорат за идејата за создавање на ова движење, за ефектот од студентските протести, за етикетирањето од премиерот и од медиумите, како и за идните планови на студентската борба за автономија на универзитетот

СОРАБОТКА ИЛИ ПОКОРНОСТ
Спротивно на неговите колеги од регионот, чиј глас во јавноста има функција на коректор на владата, Иванов веќе пет години ниту еднаш со своето практично однесување не покажал несогласување со одредена политика на власта

КОЈ ЌАРИ ОД К-15?
По исплатата на регресот за годишен одмор или К-15, се чини оти се задоволни сите, освен работниците, за кои нели и беше наменет. Дел од нив сведочат дека биле принудени од работодавците да им ги вратат парите ако сакаат да го задржат работното место

РАДУЈ СЕ МАКЕДОНЧЕ НА ПИЈАНО ГРЧЕ!?
Има еден куп луѓе кои од дното на душата не ја сакаат оваа власт и кои со задоволство би се приклучиле кон СДСМ. Но, она што ги спречува е сознанието дека на тој начин ќе бидат поврзувани со ликови кон кои имаат изградено крајно негативен став, па дури и одбивност.

 

Колумнисти:

Џабир ДЕРАЛА
На нашата прва средба оваа година ќе ги заобиколам грдите македонски теми. Деновиве се одбележа 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. Да се сетиме на него… И – да не заборавиме!

Стојан АНДОВ
Во септември 1915 година, Вардарска Македонија паднала под бугарска власт. Тогашните членови на ВМОРО се задоволиле со функциите во бугарската администрација. Така ја преспале војната. За тој факт, во студијата на Зоран Тодоровски не се зборува

Синоличка ТРПКОВА
Што има Запад да го интересира нашата несреќа, кога нам око не ни трепнува за неа. Запад не ни избра да нѐ водат криминалци и насилници, а ние сами си ги заокруживме тираните

Рамадан РАМАДАНИ
Одлучувачката шлаканица на крајот ќе биде од некој кого сега не може да го предвидиме. Ни јас во асоцијација, но изгледа ни тие во некоја проекција. Веројатно и затоа е неодбранливо. Иако ќе биде глупаво. Баш глупаво