1007

by Фокус

КРВАВ ПИР
Кога работите со Кежаровски ќе стивнат, нам, на слободните медиуми ќе продолжат да ни одмеруваат драконски казни, да нѐ удираат по џебот, јавно да нѐ жигосуваат и шиканираат. Затоа нашата борба за слобода ќе треба да продолжи

ИГРИ СО ПРАВДАТА
Апелацискиот суд му ја ублажи пресудата на Кежаровски од 4,5 на две години. Следуваше експресно спроведување в затвор, па „добродушно“ привремено ослободување, што на површина ги извади сите матни игри на правосудството

ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: НЕМА ВЕЧНА ВЛАСТ, КОЈ НЕ ЗНАЕ, ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИ
Веќе осум години ДОМ е во коалиција со ДПМНЕ, а пратеничката гласаше против законските измени во високото образование. Поповска зборува за коалицијата, за протестот на студентите, за загадениот воздух и за затворањето на новинарот Кежаровски

ТАЈНИ ПОЛИТИЧКИ СРЕДБИ
Откако СДСМ навести дека поседува досие со компромитирачки материјали за власта, Заев и Груевски се среќавале неколку пати кога имало обиди за трговија со „бомбата“. Каква е улогата на Ахмети во целата разврска и зошто се среќавал со Црвенковски?

АЛЕКСАНДАР ТОРТЕВСКИ: НЕОПХОДНА НИ Е ВЛАДА НА НАЦИОНАЛЕН СПАС
Еден од основачите на Лигата за демократија, Тортевски, некогаш беше жесток и луциден со своите колумни, а потоа се деполитизираше. Неодамна крена глас против обидот на власта да ги прикаже студентските протести како сталинистички

ЖРТВИ ИЛИ СОУЧЕСНИЦИ
Дали бомбата на Заев ќе ја разнесе кариерата на Груевски, или пак некој негов соработник ќе биде жртвено јаре, е небитно. Секој од полтроните може да биде заменет со друг полтрон, соучесник во злосторот. А и на местото на пастирот може друг пастир да дојде.

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ, РЕЖИСЕРКА: УБИСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ВО 21. ВЕК
Единствената од младата генерација со фестивалски награди, со премиери во националните театри, со признанија дека го оживеа независниот театар, остана без можност за вработување во МНТ и Драмски

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Во Македонија, спроти Балканските војни, не постоела политичка сила која можела за себе да обезбеди партнерство со балканските држави против Турција. Таа, како што вели народот, била село без кучиња и наполно немоќна

Ана ПАНОВСКА
Кои сте вие, кој е тој СДСМ, бре, наспроти мене, наспроти моето внатрешно битие, мојата мисла и интегритет? Наспроти студентите, професорите, наставниците, докторите, новинарите?

Синоличка ТРПКОВА
Нашиот модерен чорбаџи-премиер го надмина дури и Ајнштајн. Покажа дека упростувањето нема граници и дека може да продолжи со светлосна брзина, сѐ додека не влеземе во црната дупка на сопственото непостоење

Рамадан РАМАДАНИ
Последниот превид на македонски, кој веројатно е својствен само за јабанџии како мене, е дека не го разбрав прашањето за враќањето на Бранко Црвенковски. Мислам стварно не разбрав, како се враќаат незаминати?!