1006

by Фокус

БИТКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НОРМАЛНОСТА
Ако судството ни е независно, Иванов се однесува државнички, Груевски одговорно, курири се истражувачки новинари, сителовци „Шарли“, МТВ јавен сервис… тогаш јас сум сигурно Анџелина Џоли.

МИНИСТЕР ВО А4 ФОРМАТ
Министерот Јанакиески ја издавал својата куќа во Прилеп, како што рече, на лист хартија А4 формат, а сосема случајно како кираџија му се погодила германска фирма, која случајно добила милионски тендер од владата. Многу случајности!

ТОТАЛНА ВОЈНА СО ОБРАЗОВАНИЕТО
По четири месеци залудни преговори за платите и казните за просветарите, СОНК го активира генералниот штрајк во образованието за 20 јануари. Студентите, пак, кои протестираат против државните испити го погребаа високото образование пред Собранието

ДАВАМЕ „БЕСА“ ПРОТИВ ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА АХМЕТИ И ТАЧИ!
Еден од иницијаторите за формирање на новата партија на Албанците „Беса“, Африм Гаши, вели дека оваа партија нема да настапува исклучиво од етнички позиции и верува дека нема да ја снајде судбината на партиите кои пропаднаа под притисок на тивката коалиција ДУИ-ДПА

КОГА УМИРААТ БЕБИЊАТА
Според Државниот завод за статистика, за само една година починале 229 новороденчиња. Најчеста причина за зголемена смртност на бебињата се инфекциите, а бројките од болниците – колку доенчиња умираат годишно се чуваат како државна тајна

ВРВЕН БИЗНИСМЕН ЌЕ ГИ ОБЕДИНУВА МАСОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Д-р Чедомир Вукиќ, Велик мајстор на регуларната Голема ложа на Србија во интервју за „Фокус“ открива дека меѓу македонските масони се издвојува познат македонски бизнисмен кој наскоро треба да стане Велик мајстор и да ги обедини сите три македонски масонски ложи

ДВЕ ВЕРЗИИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО СТРУМИЧКО
Еден од наводните водачи на групата во струмичкото село Владевци која ги искористувала граѓаните, Илчо Ристов, се појави во редакцијата со тврдење дека бизнис-структури поврзани со локалната полиција и обвинителството ги тераат жителите да зборуваат јавно против него и така да му наштетат

ДОЛГАТА РАКА НА ВМРО ВО КУСИ РАКАВИ
Омилената фраза на фановите на владејачката партија гласи: „Долга е раката на ВМРО“. Стратегијата на опозицијата треба да биде во насока на тоа да ја прикажат долгата рака на ВМРО со кратки ракави

 

Колумнисти

Стојан АНДОВ
Првото македонско востание се борело за одржување на „Санстефанска Бугарија“, без оглед на тоа што во некои свои документи се спомнувало како негова цел – создавање слободна македонска држава

Синоличка ТРПКОВА
Учи за да не се мачиш – ги советуваа родителите децата. Не ни помислуваа дека уката ќе ја диригираат лоши ученици, приучени трговци, пазарџии и криминалци, кои се искалија во (наши) земјопоседници

Рамадан РАМАДАНИ
Имав замерки на сопственото пишување, па помислив дека отсега, па натаму би требало да пишувам пофокусирано. Но, сепак, ми беше предизвик како се поврзуваат неповрзани работи, како сега: карикатурите, бомбите и инвестициите