Првата женска рок група во Македонија, Ројал Алберт Хол, или РАХ, по триесет години повторно се враќа на сцената.
Тие вечерва ќе ги земат инструментите во рака, и ќе настапат во МКЦ.
Бендот во 1988 година беше оформен од страна на Весна Терзиевска, сопруга на актерот Драган Спасов Дац, тапани, Тања Радониќ, соло гитара, Зорица Јаковлеска Спировска, бас гитара, и Марина Мичиќ, ритам гитара. За прв пат настапиле во 1989 година на рок фест во Дом на младите, а една година подоцна им се приклучила и Бранка Костиќ Марковиќ – вокал.
Првите македонски рокерки имале многу настапи во минатото. Свиреле на рок фест во 25 мај, денешен МКЦ, рок хепенинг, заедно со Електрични оргазам, Екатарина велика, на концерт на Архангел 1990 година настапиле како предгрупа, во Суботица биле преставник на Македонија на Југословенски рок фестивал во 1990 година… Денес сите членки на РАХ се успешни во своите кариери.
„Фокус” дознава дека по триесет години, решиле повторно да се соберат по иницијатива на музичарот Александар Ристовски Принц.
Вечерва ќе настапеле со песни од својот репертоар, односно со авторските нумери : ,,Долетај’, ,,Да, Да”, ,,Небо” и ,,Ти си сам”.
Наскоро се очекува снимање на стариот, но и на нов материјал.
Вики Клинчарова