725
Шоуменот и музичар Игор Џамбазов, музичарот Бени од Нон Стоп и актерката Весна Петрушевска со здружени сили ќе се претстават на настанот ,,Со ѕвездите под ѕвездите”.
Станува збор за летен настан на отворено, кој ќе се одржи на поранешниот стадион Локомотива, односно на Станица Карпош на 17-ти јуни, а влезниците со вклучена консумација се продаваат по цена од 250 денари.
-Незаборавен настан со спектакуларниот Игор Џамбазов, на сцената ќе му се придружат Весна и Бени, за да го заокружиме уживањето – најавуваат од организацијата.
В.К.