Весна Бејби низ солзи и смеа на охриѓани ќе им ја раскаже својата животна приказна

by fokus

Актерката Весна Петрушевска ќе одржи стендап претстава во Охрид на 5-ти мај. Настапот ќе се одржи во НУКЦ Григор Прличев со почеток од 20 часот, а од КМК Продукција го опишаа како животна исповед на Весна, во која таа ќе раскаже за своите подеми и падови.

-Стендап претставата „Влези, не се соблакај“, е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија-информираат од продукцијата.

Влезниците за претставата се продаваат по цена од 250 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости