Весли Кларк е горд на бомбардирањето на Србија

by Fokus

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк изрази уверување дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе донесе добри одлуки за Западен Балкан. Тој за ABC News изјави дека Србија треба да го признае Косово.

Кларк го посети регионот за да го види економскиот напредок. Тој посочи дека Албанија е успешна во развојот на економијата, додека Косово „може повеќе“ во таа насока.

Генералот Кларк, кој во 1999 година ги предводеше силите на НАТО во бомбардирањето на СРЈ, рече дека е горд на таа операција, бидејќи, како што тврди, донела мир на Косово и Метохија.

„Многу сум среќен што успеавме да донесеме мир и демократија на Косово. Со нас беше и голема оперативна група на луѓе, бидејќи бевме сведоци на големи криминали и неправди. Сакавме да престане за луѓето во регионот да имаат мир и безбедност“, рече Кларк.

Тој исто така нагласи дека Србија треба да ја прифати реалноста на Косово и да се сврти кон иднината.

„Не сакам да гледам тензии. Србија мора да ги знае фактите – на Косово имало злосторства и убиства за време на владеењето на Милошевиќ. Имаше етничко чистење и во БиХ и во Косово, и луѓето не можат едноставно да се вратат назад и да живеат во мир едни со други. Србија треба да го прифати Косово и албанскиот народ и да прифати иднина без Косово. Минатото е зад нас“, изјави Кларк.

Поврзани новости