Весковски вети Младински центар и буџет за млади

by Фокус

Преку градење одржливи системи за поддршка и механизми за активно учество на младите во креирањето на локалните политики и заедничко носење на одлуки, создаваме општина што е пријател на младите, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ во Карпош Душко Весковски.

Тој најави отворање нов Младински центар, креирање локална младинска стратегија, отворање на канцеларија за млади, буџет за млади, субвенционирање на еколошки превоз за млади, субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование, стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик итн.

Весковски на трибината во салата Борис Трајковски изјави дека неговата цел е Карпош да стане општина за пример и, како што истакна, уште подобро место за живеење. „Во тоа ќе успееме со реализација на програмата која заеднички ја креиравме“, рече Весковски, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за него и за другите кандидати на СДСМ.

Поврзани новости