Душко Весковски, директорот на ЈП Водовод и канализација, најави дека ќе поднесе тужби против фирмите кои продаваат филтри за вода, при што ги манипулираат скопјани дека водата од градската мрежа не е чиста за пиење за да го зголемат прометот.
-Пред да бидам директор на ЈП Водовод и канализација морам да признаам дека и самиот се сомневав, но сега откако ги гледам анализите тврдам дека нема простор за сомнеж, Ќе поднесам кривична постапка за тие што користат филтри бидејќи ги доведуваат во заблуда граѓаните. Против еден производител на филтри веќе има поднесено кривична постапка – информира Весковски.
Тој на денешната прес-конференција за испорачување сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија, додаде дека фирмите манипулираат внесувајќи заблуда кај купувачите, така што им презентираат хемиски експерименти со кои ги убедуваат луѓето да купат од скапите прочистувачи за вода.