За општината имаме два концепта, оној кој беше 2017 година кој не сплоти сите политички партии да протестираме против урбанизацијата и бетонизација на Карпош и менувањето на неговиот демографски лик и другиот концепт кој е проевропски и насочен кон хуман развој на општината, истакна кандидатот за градоначалник на Карпош, Душко Весковски во гостувањето на Утрински брифинг. Тој кажа дека треба да се зацврстат редовите на СДСМ и дека партијата ја сфатила пораката која ја испратиле граѓаните во првиот круг.
-Ќе настапиме со нови проекти за граѓаните на Карпош. Имаме можност да мобилизираме повеќе политички партии и граѓански здруженија. Луѓето од независната листа за советници на Карпош со нас протестираа во 2016 година против Јакимовски.Влеваме надеж во граѓанскиот концепт, рече Весковски.
Тој најави планска и хумана урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, голем парк во Карпош 4 на 86 илјади квадратни метри, катна гаража во Лептокарија, формирање на младински културен центар и две нови градинки на територија на општината.