За хаосот во општина Карпош не се виновни граѓаните туку арогантното, несовесно и неодговорно однесување на Стевче Јакимовски и партнерот на Никола Груевски, истакна претседателот на Општинската организација во Карпош, Душко Весковски, барајќи од актуелниот градоначалник Јакимовски да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУП-от за Карпош 3 сѐ до завршување на локалните избори.
-Градоначалникот во заминување, Стевче Jакимовски ги обвини граѓаните на Карпош, дека тие биле виновни за хаосот во општината, затоа што, според него, не ги читале ДУП планови кога се носеле. Граѓаните не се виновни за сите исечени дрвја во општината и уништените зелени површини. Граѓаните не се и не можат да бидат виновни за тоа што Карпош стана трета најзадолжена Општина во Македонија. Граѓаните не се виновни за тоа што Карпош е една од најзагадените Општини во државата – тврди Весковски.