Душко Весковски од парите на ЈП Водовод за девет месеци потрошил 1.323.419 денари или речиси 22.000 евра за кафе и кафеани, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-За кафе и кафеани само во ресторани Душко Весковски има потрошено 17 илјади евра. Толку пари од ЈП Водовод се потрошени за репрезентација според извештајот кој што беше презентиран пред јавноста на седницата на Советот на Град Скопје.
Споредено со минатата година за овие две ставки, за репрезентација за потрошени речиси пет пати повеќе. Истата слика е и за донации и спонзорства, 450% повеќе, рече Стоилковски.
Весковски пак ги демантира обвинувањата и тврди дека во последните четири години ниту еднаш лично не искористил средства од ЈП Водовод и канализација – Скопје за кафе, кафеани и ресторански услуги.
Само за споредба во 2016 година кога на чело на претпријатието е кадар на ВМРО-ДПМНЕ за спонзорства и донации се потрошени 19,170,983 денари, а во 2021 година се потрошени 2,235,170 кои се искористени за потребите на синдикатот на преприjатието со што се изврши реновирање на одмаралиштето во Претор кое го користат вработените на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Никогаш во изминативе четири години не сум користел службен мобилен апарат и не се трошени стредства на претпријатието за набавка на скапи мобилни телефони. Согласно извештајот од работењето на претпријатието за период од 01.01.2021 заклучно со 31.09.2021 година ЈП Водовод и канализација – Скопје има остварено добивка висина од 59, 033,858 денари.
Како во изминативе три години така и оваа година извршена е ревизија за работата на претпријатието од страна на независна надворешна ревизорска куќа која нема забелешки за работата на претпријатието, тврди Весковски.
Според него, овие обвинувања се резулат на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие.