Весиќ: Во тек е увидот, се бараат одговорни во синџирот за да се утврди причината за падот на настрешницата

by Fokus

Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија – Горан Весиќ денеска изјави дека во тек е увид за утврдување на причината за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, а одговори се очекуваат од Сообраќајниот институт, Железничката инфраструктура на Србија и кинеските изведувачи кои работеле на проектот за реконструкција на таа станица, во кој, како што вели, не била вклучена и самата реконструкција на настрешницата.

„Истрагата ќе утврди кој е одговорен во синџирот, кој ги донел одлуките и ставил печат и потпис, кој имал обврска да ги контролира работите“, вели Весиќ во интервју за РТС.

Според него, одговорност ќе утврдува Вишото јавно обвинителство со поддршка на Министерството.

Поврзани новости