Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, и актуелен советник на премиерот Зоран Заев за безбедност, денеска не се појави на судското рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, каде што ја има на сведок.
-Станот е постојано затворен, оставено е известување во сандаче, но сведокот не се јавил, рече судијката Џанета Бегтовиќ.
Таа појасни дека поканата била испратена и на работното место на Верушевски, односно во Владата, но нема потврда дека лично ја примил поканата.
Судијката истакна дека од МВР ќе побарат информација дали Верушевски ја сменил адресата на живеење, за да го поканат на следното рочиште на 23 септември.
Обвинителите Трајче Пеливанов и Артан Ајро не сакаа да дадат изјава за медиумите и да одговорат на прашањето зошто не побарале Верушевски да биде стражарно приведен.
Овој случај е отворен откако беше откриена аферата за масовното нелегално прислушување во УБК, од 2008 до 2015 година.
В.В.