Верстапен освои нова шампионската титулата во Формула 1

by Фокус

Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, претпладнево го освои првото место на јапонското Гран и ја обезбеди титулата.

Втор на целта мина пилотот на тимот на Ферари, Шарл Леклер, а на третото место е Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул.

Поради дожд, трката беше прекинувана во неколку наврати.

На крајот, возачите извозеа 28 круга, по што Верстапен го освои првото место, претекнувајќи ги Перез и Леклер, кој доби казна од пет секунди, благодарение на која Верстапен стана шампион.

Уште во првиот круг, Карлос Сајнц од Ферари излета од лизгавата патека, а потоа Пјер Гасли од Алфа Таури избегна судир со кранот кој тргна да го отстранува болидот на Шпанецот.

За Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, ова беше 12-та победа во 2022 година и 32-та во Формула 1.

Поврзани новости