Верстапен најбрз на трката за Големата награда на Мексико

by fokus

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи вечерва на трката од Формула 1 шампионатот возена вечерва за Големата награда на Мексико .

Успехот на Ред Бул го надополни Серхио Перез со освојување на третото место. Перез стана првиот Мексиканец кој изборил место на победничкиот подиум.

Бранителот на шампионскиот трофеј, Луис Хамилтон го освои второто место.

Бодови уште освоија (4 – 10. место): Пјер Гасли (Алфа Таури), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Сајнц (Ферари), Себастијан Фетел (Астон Мартин), Кими Раиконен (Алфа Ромео), Фернандо Алонсо (Алпин) и Ландо Норис (Мекларен).

Во Генералниот пласман Верстапен ја зголеми предноста во однос на Хамилтон. Холанѓанецот сега има 312,5 бода, додека Британецот собра 293,5. Трет е  Валтери Ботас со 185. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки.

Поврзани новости