Верижен судир меѓу 5 автомобили во Битола

by Фокус

Доцна попладнето во Битола се случи верижен судир на пет возила.

Притоа, оштетени се три возила марка „форд мондео“, „мерцедес“ и комбе возило марка „фиат“, како и урбана и комунална опрема поставена на улицата „Партизанска“ во Битола.

СВР-Битола времено го запре сообраќајот на улицата, едно лице со повреда е пренесено во Клиничка болница, а полициски експерти ги утврдуваат причините и последиците од несреќата.

Поврзани новости