Собранието денеска попладне ги верификуваше мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.
На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски.
На местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел, доаѓа Зоран Коцевски.
На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, пак, доаѓа Драган Ковачки.
Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова.
Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, ќе го замени Грација Бакраческа.
Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.