554
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека денеска нема да биде можно да се отворат хуманитарните коридори за евакуација на цивилите од опколените градови.
Верешук кажа дека се работи на повторно воспоставување на коридорите.
Во порака на Телеграма, таа ги обвини руските сили за прекршување на примирјето и блокирање на автобусите што ги евакуираат цивилите.
Градоначалникот на Мариупол, опколен и опустошен град во јужна Украина, неодамна изјави дека уште 100.000 цивили чекаат евакуација.