867
Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати после натпреварот и поразот од Македонија, не го криеше големото разочарување и елиминацијата за пласман на СП на неговата селекција.
„Тешко е да се разбере тоа што се случи денес, за цела Италија ова е големо разочарување, кошмар. Ова беше натпревар во кој доминиравме, можевме да постигнеме неколку голови, но не успеавме и знаевме дека се додека е така дека постои ризик. Голот кој го постигна Македонија за мене е големо разочарување и разочарани сме затоа што нема да играме на Мундијал“, изјави Верати.