Венко Филипче извојува победа на внатрепартиските избори за лидерот на СДСМ, обезбедувајќи значителен број гласови во однос на неговите ривали.
Врз основа на резултатите од 74 од 77 досега обработени избирачки места, Венко Филипче освоил 8.474 гласа. По него Јован Деспотовски собра 2.291 глас, Александар Бајдевски 868 гласа, а Славјанка Перовска 172 гласа. Имаше 159 неважечки ливчиња.
Од 23.439 регистрирани членови со право на глас, 11.964 учествуваа на внатрепартиските избори.
Петровска уште вчера на прес конференција најави дека се повлекува од трката поради бројни злоупотреби при регистрацијата на членови, преку писмо од изборната комисија побарала и нејзиното име утре да не стои на избирачкото ливче.
Од друга страна пак, Јасна Аврамовска Мадиќ, сепак истакна дека избирачките материјали се веќе испечатени и Петровска не може да биде избришана. За вчерашните обвинувања за нефер изборен процес, Петровска се уште нема поднесено никакви докази, па изборната комисија не може да ги истражи.
Деспотовски, исто така го оствари своето гласачко право на денешните избори за нов лидер на партијата. По гласањето изјави дека има информации за голем број членови на партијата на кои што им било оневозможено да гласаат.
Ирена Мулачка