Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата. Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата?
Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот. Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија.
Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто. Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност“ порачаа од владејачката партија.