Венгер седнува на столчето на Манчестер јунајтед?!

by fokus

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, одговори на прашањето дали е подготвен да го предводи Манчестер Јунајтед доколку сегашниот предводник Оле Гунар Солскјер го напушти тимот.

„Како што реков, Манчестер јунајтед е работа во соништата за било кој тренер. Имам доверба, решеност. Имам идеи“, изјави Венгер.

Шеесет и деветгодишниот Венгер како тренер на Арсенал трипати стана шампион на Англија. Тој го водеше тимот од 1996 до 2018 година.

Манчестер јунајтед е на осмото место на шампионатот, со осум бода по шест одиграни натпревари.

Поврзани новости