Венецуела е со Путин, порача Мадуро

by Фокус

Венецуела е со Путин и Русија, порача претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

-Нашата земја ги поддржува храбрите и праведни нешта во светот – рече Мадуро на седница на владата, коментирајќи го руското признавање на бунтовничките проруски региони во источна Украина.

Претседателот на Венецуела потсети дека неговиот претходник и ментор Хуго Чавез ја поддржа Русија, кога во 2008 година ги призна грузиските региони Јужна Осетија и Абхазија.

– САД и НАТО по воен пат сакаат да завршат со Русија – изјави тој.

Поврзани новости