Венецијанската комисија ќе пресече дали двојазичните банкноти и амблеми ќе ги има во законот за албанскиот јазик. Вака според висок владин функционер ќе се реши прашањето кое и по шест месеци одкако падна договор за коалиција меѓу Заев и Ахмети се уште е отворено, објавува телевизија 24.
Според истиот функционер, компромисот ќе биде тоа што законот без спорните одредби ќе помине најверојатно уште утре на Влада, а потоа ќе се прати комплет во Венецијанската комсија, доколку оттаму стигне зелено светло, дополнително ќе биде вградени во решението.
Токму различните позиции на ДУИ и на СДСМ за тоа дали само спорните одредби или пак целиот закон да оди на став пред Венецијанската комисија беше главната дилема на седницата во понеделникот, кога законот не помина, иако официјално од Илинденска информираа дека законот треба да се доработи околу инспекциските казни во делот за негово неспроведување.