Венеција сака да продолжи да им наплаќа на туристите откако на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот.
Венеција има намера, пишува Dpa, да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од 5 на 10 евра за време на специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави за локалниот весник Микеле Зуин, градскиот функционер задолжен за финансии.
Речиси еден месец од пробниот период на градот му донесе повеќе од 2 милиони евра. Во текот на неколку денови евидентирани се повеќе од 25.000 туристи кои ја посетиле Венеција и на тој начин го платиле данокот.
Во напис во весникот Ил Газетино, Зуин рече дека од 2025 година „основната стапка“ ќе важи за еднодневните посетители за еден дел од годината. Сепак, за време на „критичните денови“ туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра.
Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Прво ќе се евалуираат собраните податоци.
Во пробниот период од 08:30 до 16 часот се наплаќа такса од 5 евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку Интернет, кој служеше како доказ за плаќање.
Се проценува дека околу 15 милиони туристи ја посетуваат Венеција секоја година, што ја прави еден од најпосетуваните градови во светот.
Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.