Во Венеција се усвоени нови правила за големината на туристичките групи и забраната за користење на звучници и мегафони за туристички водичи. Тоа е уште една од мерките во низата што градската власт на Венеција ги донесе во изминатата година, со цел да го заштити градот од интензивни посети.
Венецијанците ја поздравија одлуката, која има исклучоци за деца под две години, училишни групи и образовни и професионални патувања. Правилата важат и за островите Мурано, Бурано и Торчело.
Ограничувањето требаше да стапи на сила во јуни, но беше одложено бидејќи многу водичи веќе резервираа групни тури низ градот со групи од повеќе од 25 луѓе. Водичите кои ќе ги прекршат правилата може да се соочат со казни од 25 до 500 евра.
Забранета е и употреба на звучници, „кои можат да предизвикаат конфузија и нарушувања“.
Градскиот функционер задолжен за безбедност, Елизабета Пешче, истакна во текот на претходната година дека политиката е насочена кон подобрување на движењето на групите низ историскиот центар на Венеција, како и на високо посетените острови Мурано, Бурано и Торчело.
Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да го намали метежот за време на шпицот на туристичката сезона и за време на празниците.