659
Викендов во Валандово се одржа една од најголемите велосипедски дружби за оваа година. Се организираше планинарско возење низ пределите на Валандово, на кое учествуваа стотици велосипедисти од сите краеви на Македонија.
За време на своите тури, велосипедистите имаат и хуманитарни активности, а така беше и овојпат. Тие донираа за малата Нина Димитриевска, која е родена со дијагноза „Paraparesis Spastica“. За нејзино лекување во САД се потребни 65.000 евра, со постоперативна рехабилитација од еден месец.
ФОТО – СЛАВЧЕ МИТЕВСКИ