Велосипедистка удрила во пешак на Партизанска во Скопје – двајцата се повредени

by Fokus

МВР информира дека вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, велосипед управуван од Т.З.(21) од Куманово удрил во пешакот С.Ш.(45) од с. Арачиново, Скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, а со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости