Велосипедист тешко повреден откако бил прегазен од автомобил кај Илинден

by Fokus

Дваесет и четири годишен велосипедист е тешко повреден од удар од автомобил во населбата Илинден.

Како што соопшти денеска МВР, на полноќ било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П.(24) од Скопје. Б.П. синоќа, околу 22:15 часот, додека со велосипед се движел во населбата Илинден бил удрен од непознато патничко моторно возило, управуван од засега непознат возач, кој по незгодата го напуштил местото на настанот.

Поврзани новости