0
Велосипедист претпладнево излетал во провалија на планината Беласица на местото „Ѓаволски мост“ по што бил извлечен од другите велосипедисти што биле со него. Откако велиосипедистот бил извлечен, со помош на четворица струмички пожарникари тој со теренско возило бил пренесен до селото Борисово.
Од Територијалната противпожарна единица Струмица велат дека при транспортирањето на велосипедистот помош имале и од тим на Итна помош.
Од селото Борисово повредениот велосипедист со возило на итната помош бил пренесен во струмичкиот Медицински центар.
Струмичките пожарникари апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни кога престојуваат или кога се движат во планина со цел да се избегнат несреќни случаи.