501
70-годишен жител на Синѓелик бил удрен од патничко моторно возило, додека се возел со својот велоспед. Веднаш бил хосипитализиран на Клинички центар во Скопје.
„На 17.09.2018 година во 11,45 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на улица „Алија Авдовиќ“ патничко моторно возило “Опел Антара“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.Р.(65) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.М.(70) од село Сингелиќ, скопско. Велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот“, пренесуваат од МВР.